Како плод на соработката меѓу Слободниот Универзитет во Берлин (СУБ) и Атинскиот Универзитет (АУ), на Институтот за философија на СУБ годинава, во периодот од 26 до 28 септември со одржа Меѓународен колоквиум на тема: „Максим Исповедник како европски философ“.
Значаен број на млади истражувачи и светски признати професори (лаици, монаси и клирици) од Европа, Северна Америка и Австралија зедоа учество на оваа средба. На предавањата и презентациите беа разгледани различните аспекти од творештвото на св Максим Исповедник, со посебен акцент на философската димензија. Некои од дискусиите беа фокусирани на одредени догматски прашања, додека други се занимаваа со влијанието што овој благородник, монах и светител го извршил врз развојот на основите на западната философска мисла од раниот Среден Век, преку аналитичката философија, па сè до пост-модерните философски текови.
Работата на колоквиумот се одржуваше на пленарни и паралелни сесии. Со најголем интерес беа прифатени студиите посветени на антрополошките, лингвистичките и епистемиолошките импликации од мислата на св. Максим Исповедник, во кои беа разгледани и егзистенцијализмот, феноменологијата и современата психоанализа.
Беше одржана и тркалезна маса која ја водеше проф. д-р Сотир Митралексис, а на која учествуваа професорите Торстејн Толефсен, о. Николај Лудовикос, Георгиј Каприев и Дионисиј Клирис.
Извор: OCP Media, www.maximus2014.eu