На 6 октомври годинава, во Националниот центар „Димитриј Станилое“ во Букурешт започна со работа Меѓународниот богословски конгрес на тема „Смисолот и значењето на светите тајни Исповед и Евхаристија во современото православно богословие, духовност и мисија“. Конгресот го отвори Неговата Светост, Романскиот Патријарх г.г. Даниел. Тој им се обрати на присутните со реферат на тема: „Света Исповед и света Евхаристија – извори на вечна радост и живот“, во кој меѓу другото, посочи:
– За жал, секуларниот човек ги изгуби душевниот мир и радост затоа што ја изгуби навиката да се моли, а молитвата е дишење на душата во благодатното присуство на милостивата љубов Божја. Многу значаен факт е тоа што Христовото доаѓање во светот започна со објава на радост: „Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите народи“ (Лк. 2,10), и Неговото вознесение на небесата завршува со радоста на благословот даруван на Неговите ученици, а преку нив, и на сета Црква: „тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост“ (Лк. 24,52). И пак, оваа радост не може да биде дефинирана и анализирана дискрузивно, туку споделена во заедницата на животот на Црквата Христова, која живее во Негово присуство по благодатта на црковното молитвено заедничарење (сп. Мт 28,29). Токму затоа мора да го надминеме индивидуалистичкото сфаќање на таинствата на Исповедта и Евхаристијата, откривајќи ја нивната црковна димензија како извори на радост, обожување и духовен раст“.
Покрај Патријархот, на присутните им се обратија и Министерот за образование на Романија, г. Рем Прикоп, Заменик-министерот одговорен за високото образование, г. Михнеа Костоиу и Ректорот на Универзитетот во Букурешт, г. Мирчеа Думитру.
Извор: Романска православна црква