Меѓународна конференција посветена на старец Паисиј Светогорец и св. Козма Етолски ќе се одржи во Москва

"Меѓународна конференција посветена на старец Паисиј Светогорец и св. Козма Етолски ќе се одржи во Москва"

Издавачката куќа „Света Гора“ организира Меѓународна конференција посветена на старец Паисиј Светогорец и св. Козма Етолски која ќе се одржи во Москва на 28 октомври. Учество на конференцијата ќе земат познати клирици, богослови и образовни работници од врвните руски универзитети.

Краток концерт за време на конференцијата ќе одржи московскиот византиски хор „Псалтика“. Дополнително, ќе бидат прикажани видео записи со сведоштва од различни луѓе кои го познавале старец Паисиј. Настанот ќе се одржи во големата сала на Издавачкиот совет на РПЦ-МП во Москва.

Извор: Правмир