Околу милион демонстранти на протестот против карикатурите на Шарли Ебдо во Грозни

"Околу милион демонстранти на протестот против карикатурите на Шарли Ебдо во Грозни"

Околу еден милион демонстранти зеле учество во протестот против богохулните карикатури и стрипови на францускиот „Шарли Ебдо“ во главниот град на Чеченија, Грозни изјавил рускиот Министер за внатрешни работи на Чеченската Република, генералот Руслан Алканов. Сите градски плоштади и булевари биле преполни со луѓе од Чеченија, но и од Москва и други градови. Меѓу присутните на протестот биле и г. Рамзан Кадиров, Претседател на Чеченија, Равил Гајнудин, Претседател на Духовниот директорат на руските муслимани, Епископот Махачкалски и Грозниски г. Варлаам и други јавни личности.

На собирот говорел шеикот Али Џифри, потомок на пророкот Мухамед, кој ги осудил богохулните цртежи потенцирајќи дека истите се плод на некултура и непознавање на основите на Исламот. Пред собраните се обратил и владиката Варлаам кој остро ги осудил карикатурите, велејќи дека „целата Руска православна црква се оградува од ваквите цртежи. Ние целосно го осудуваме злото што некој се труди да ги рашири меѓу нашите религии. Тоа никогаш нема да се случи.“

На протестниот собир не биле пријавени никакви инциденти.

Извор: Правмир