Мироточат иконите во Украина

"Мироточат иконите во Украина"

Неколку икони во Украина започнале да мироточат од крајот на минатата година во Украина во црквата на св. маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија во Днепропетровск. Прва меѓу нив била иконата на св. Јован Крстител, која започнала да мироточи на 14 октомври, на празникот на Покровот на Пресвета Богородица, јавува неделникот „Аргументи и факти“.

Во јануари годинава, Манјавската икона на Мајката Божја започнала да мироточи во Манјавската испосница, во Ивано-фанковскиот регион.

„Прв пат оваа икона започна да мироточи во 2008 година, пред да се случат ужасните поплави ви западна Украина. Потоа, во март 2012 иконата ‘плачеше’, повторно пред поплавите, кои овој пат не беа катастрофални. На крај, богородичната икона започна да ‘плаче’ во јануари 2014 година.Мислиме дека Мајката Божја сака да нè предупреди“, вели игуменот Паисиј.

Кон крајот на април годинава, икона на св. Сергиј Радонежски започнала да мироточи, овој пат во градот Смела, во Черкаскиот регион.

На Богојавленската вечер, икони во домот на едно благочестиво семејство од Геническа, исто така започнале да мироточат. Истото се случило и на Пасхалната вечер, во едно засолниште за молитва на Мајдан, во Киев.

Извор: Правмир