Митрополитот Иларион Алфеев оствари средба со македонскиот амбасадор во Руската Федерација

"Митрополитот Иларион Алфеев оствари средба со македонскиот амбасадор во Руската Федерација"

На 16 јуни 2015 год. Митрополитот Иларион Алфеев, претседател на Одделот за надворешни црковни односи (ОНЦО) на Московската Патријаршија оствари средба со Н.Е. Гоце Карајанов, Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. На средбата учествуваа и протојерејот Игор Јакимчук, секретар за меѓуправославни односи на ОНЦО и јероѓаконот Роман Киселев, член на секретаријатот за странски држави на ОНЦО.

Неговото Високопреосвештенство со г. Карајанов разговарале за прашања поврзани со мисијата на Руската Православна Црква, пастирската грижа за луѓето кои ја населуваат нејзината канонска територија и за развојот на односите со Македонија во сферата на духовноста, културата и образованието.

Извор: ОНЦО на МП