На Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски г. Иларион, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, му било одбиено барањето за влез во Украина, односно бил прогласен за “persona non grata”.
Митрополитот се упатил во Украина за да учествува на прославата на 75-от роденден на Дњетропетровскиот Митрополит. Тој бил пресретнат на дњетропетровскиот аеродром, каде што му била врачена писмена забрана за влез во Украина, без никакво објаснување.
Од Одделот за наворешни црковни врски на МП во врска со инцидентот го објавија следното кратко соопштение: „Митрополитот Иларион пристигнал на дњетропетровскиот аеродром на 9 мај, за да присуствува на прослава на јубилејот на чесниот архиереј на Руската православна црква. Бил сопрен на пасошка контрола. По подолго чекање, на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски му била врачена официјална писмена забрана за влез во Украина, без објаснување за ваквата мерка“.
Спречен да влезе во Украина, тој на аеродромот го пренел поздравот на Патријархот Кирил до Митрополитот Иринеј, и му врачил Орден на св. кнез Данило Московски. Архиереите размениле поздрави, по што Митрополитот Иларион се вратил во Москва.
Извор: Pravmir.com