Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот кумановски и осоговски г. д-р Јосиф е роден во 1977 година во Прилеп. По завршувањето на средното образование, во 1995 година, се запишува на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје, каде што дипломира во 2000 година со одбрана на дипломскиот труд: „Иконите низ историјата на Црквата”. Следната, 2001 година, се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј” во Скопје, каде што магистрира во јуни 2005 година, на тема „Сфаќањето на личноста во антропологијата на свети Григориј Палама”.
Истата, 2005 година, на катедрата по догматика при Православниот Богословски факултет во Скопје пријавува докторат на тема „Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на свети Јован Лествичник, свети Симеон Нов Богослов и свети Григориј Палама”. Докторатот го одбранува во 2009 година.
Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин. Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир: “Рождество на Пресвета Богородица”. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква во 2011 година е произведен во архимандрит. На 28.06.2012 година, е избран за Епископ лешочки. На 21.10.2012 година е хиротонисан во соборниот храм на Полошко-кумановската епархија и е поставен за викар на Неговото Високопреосвештенство митрополитот господин Кирил.
Со одлука на Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква на 17 септември 2013 година е избран за прв Митрополит Кумановско-осоговски, а востоличен е на денот на светата маченичка Параскева Икониска и светиот Димитриј Ростовски, 10 ноември 2013 година во соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово.
На 21 мај 2020 год. САС на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија го разгледа молбеното барање на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф кој, од здравствени причини, побара да биде ослободен од активна епархиска должност и го усвои неговото барање.
Интервјуа
- Интегрален текст од интервјуто на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за весникот „Дневник“ од 09.09.2014 г.
- Интегрален текст од интервјуто на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за весникот „Вечер“ од 21.05.2014 г.
- Интервју на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за весникот „Вечер“
- Интервју на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за неделникот Плоштад (31.01.2014)
- Интервју на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за порталот Кумановски муабети
- Интервју на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф дадено за Прес24
Посланија
- Послание до учениците и студентите од Кумановско-осоговската епархија по повод започнувањето на новата 2014/15 училишна и академска година
- Послание до учениците и студентите од Кумановско-осоговската епархија по повод започнувањето на новата 2015/16 училишна и академска година
- Послание до учениците и студентите од Кумановско-осоговската епархија по повод започнувањето на новата 2016/17 училишна и академска година