Високопреосветениот Митрополит Киевски и Украински Онуфриј – претстојателот на Украинската православна црква – зеде учество во отворањето на Украинскиот форум наречен „За мир во Украина“ на 14 ноември годинава. Настанот е организиран од Сојузот на православни жени на Украина.
Говорејќи на отворањето на форумот, Митрополитот Онуфриј истакна:
– Денес ние знаеме дека ни недостига токму оној блажен мир, кој потекнува од Господа. Оттука, се собравме тука и заедно се помоливме за нашето општество кое со векови се градело и зајакнувало преку верата православна, побожноста и братската љубов кон сите народи. Црквата, заедно со украинскиот народ, ја засилува моќта на својата вера, учејќи дека сите искушенија ни се од Бога дадени, и благодарејќи ќе поминеме низ нив. Во источните области [на Украина] луѓе повеќе нема да умираат, крвопролевањето ќе заврши, и мирниот живот ќе започне. Наша цел е сите да сфатиме дека мирниот соживот меѓу народите не е можен без воспоставување на духовните принципи. Христијанската љубов кон ближниот, на којашто нè повикува мајката Црква проповедајќи ги вечните вистини на Евангелието, е клучот за решавање на оваа тешка ситуација и примирување на конфиликтот.“
Извор: Правмир