Митрополит Онуфриј: „Војната треба веднаш да престане“

"Митрополит Онуфриј: „Војната треба веднаш да престане“"

Украинските медиуми го пренесуваат гестот на Киевскиот Митрополит Онуфриј (УПЦ-МП): „Претставниците на УПЦ на Московската Патријаршија на чело со поглаварот, Митрополитот Онуфриј, на свечената седница на парламентот, додека претседателот Петар Порошенко ги читаше имињата на украинските херои кои загинаа за време на воените немири во Украина, одбија да станат, за разлика од сите други присутни“.

Информативната служба на Украинската Црква на нејзиниот сајт го прокоментира ваквиот гест:

– На покана на раководството на украинската држава, поглаварот на Украинската Православна Црква на 8 мај 2015 г. учествуваше на свечената седница по повод прославата на 70-годишнината на победата над нацизмот во Европа. За време на говорот на претседателот на Украина, Петар Порошенко, присутните гости простум стоејќи ги поздравија имињата на оние кои се удостоени да се наречат херои на Украина поради нивното учество во одбрана на татковината на истокот од нашата држава. Неговото Блаженство, митрополитот Онуфриј не реагираше на овој говор како другите гости и учесници, за да истакне: „Војната треба веднаш да престане!“

– Тој повеќе пати ја изрази неговата почит кон сите херои кои ја бранат украинскат граница. Меѓутоа, не може да се оправда воениот оган кој речиси секојдневно ги убива животите не само на војниците, туку и на незаштитените цивили во Украина, вклучително и на децата. Луѓе гинат од двете страни на фронтот. Загубата на нивните животи никој не ја брои. По благослов на поглаварот на УПЦ, верниците секојдневно се молат за мир и собираат средства, храна, облека и лекови за да им помогнат на украинските војници и на мирното население од украинскиот Донбас.

– Меѓу гостите присутни во собранието немаше никој кој, како Неговото Блаженство, на неколку наврати лично го посетил истокот на Украина зафатен од воените дејствија. Тој со сопствени очи, а не преку телевизиски екрани, ја видел болката на луѓето, и оттука постојано апелира кон сите од коишто тоа зависи, да направат сè што можат, за да прекине крвопролевањето, – се вели во соопштението.

Извор: УПЦ-МП