Превод на втората епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Икона

"Превод на втората епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Икона"

На YouTube каналот на Кумановско-осоговската епархија е поставен видео записот со превод од втората епизода од документарниот циклус „Човекот пред Бога“ на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски г. Иларион Алфеев, насловена: „Икона“. Како што претходно објаснивме, секоја епизода од серијалот претставува подвижен и илустриран водич за храмот и неговата архитектура, иконите и светителите, богослужбите и црковните празници, светотаинскиот живот и православен обред.

Преводот е достапен со клик на копчето CC.

Напомена: Авторските права на видео и аудио материјалите им припаѓаат на авторите и реализаторите на ТВ серијалот, и Кумановско-осоговската епархија не полага никакво право врз нив.