Гранатирана уште една црква во Славјанск, пострадал чуварот

"Гранатирана уште една црква во Славјанск, пострадал чуварот"

Украинските војници вчера (19 јуни) продолжиле со гранатирањето на Славјанск. Овој пат мета на гранатирањето бил храмот на Воскресението Христово, изграден во 18 век, каде своевремено служел и светиот праведен Јован Кронштадтски.

Според известувањето на прес-службата на Славјанската и Горловска Епархија, во нападот пострадал чуварот. Протојереј Николај Фоменко, архиерејски намесник на Александро-Невскиот округ во Славјанск изјавил:

– Денес, точно во 06:00 часот започна артилериско гранатирање на градот од планината Карачун. Траеше половина час. Овој пат, мета на нападот беше храмот на Воскресението Христово, чијашто непосредна близина беше засипана од шрапнели – еден помина на половина метар од куполата, друг експлодираше во неговата непосредна близина, крај патот, а третиот го уништи централниот гасовод покрај езерото. Главниот гасовод сега е блокиран. Оштетена е целата јужна фасада, но црквата остана сочувана. Меѓутоа, најлошо е што пострада чуварот. Тој појде да ја отвори капијата, и гелер од граната го погоди право во главата. Болничка екипа успеа да го доведе до болница, но не можеше да го спаси. Ве молиме да се помолите за новопретставениот Александар.

Извор: Православие.Ру