Камп-цркви поставени во центрите за украински бегалци

"Камп-цркви поставени во центрите за украински бегалци"

Во Ростовскиот регион, локалните свештеници активно се вклучени во помагањето на украинските бегалци, изјави г. Игор Одер, претседател на Јужниот Регионален центар за справување со кризи во Русија.

„Во привремените прифатни центри во Ростовскиот регион, логалните свештеници поставуваат посебни камп-цркви, во кои украинските бегалци можат да добијат духовна помош“, Интерфакс пренесува изјави од конференцијата за печат.

Покрај свештенството, на бегалците им помагаат и лекари и медицински сестри. Бегалците имаат пристап и до топли оброци, медицинска и психолошка помош.

Извор: Правмир