Митрополит Калавриски и Егијалиски г. Амвросиј: „Вашите деца ќе бидат робови на Муслимани“

"Митрополит Калавриски и Егијалиски г. Амвросиј: „Вашите деца ќе бидат робови на Муслимани“"

Митрополитот Калавриски и Егијалиски г. Амвросиј се вклучи во јавната дискусија по повод носењето на антирасистичкиот закон во Република Грција:
– Со стапувањето на сила на антирасистичкиот закон сите оние кои говорат за татковината и патриотизмот ризикуваат да се најдат зад решетки. Свештеникот кој од амвонот ќе каже нешто против Јеховините сведоци и другите религии може да биде прогласен за расист и ставен зад решетки – ја пренесува неговата изјава порталот АгионОрос.

Понатаму, Високопреосветениот додал: „Наскоро во својата татковина ќе станеме туѓинци. Не знам дали јас ќе го доживеам тоа, но вашите деца сигурно ќе им бидат робови на Муслиманите. Грција исчезнува, верата исчезнува… Чувајте го пламенот на татковината и верата. Глобализацијата веќе не чука на врата, таа влегла во нашиот дом“.

Во иста насока, во едно скорешно интервју, се огласи и Солунскиот контроверзен митрополит г. Антим:

– Ние сме против присуството на Исламот во Солун. Секако изгубивме премногу. Кога турскиот министер влезе во храмот на св. великомаченик Димитриј Солунски, веднаш изјави: ‘Еве соодветна џамија за Турците’. Еден друг турски државник допатувајќи во Тракија, истата ја нарече ‘отсечена рака на Турција’.

Извор: Православие.ру