Прва недела по Педесетница

"Прва недела по Педесетница"

На 23.06.2019 година, во првата недела по Педесетница (Недела на Сите Светии), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.