Одржано заседание на Епископскиот совет на Православни Цркви во Германија

"Одржано заседание на Епископскиот совет на Православни Цркви во Германија"

Редовното есенско заседание на Епископскиот совет на Православни Цркви во Германија се одржа на 1 ноември 2014г. во црквата на Воскресението Христово во Франкфурт на Мајна. Епископите се собраа во утринските часови во храмот на Воскресението Христово, а ги пречека Епископот Средноевропски г. Сергиј (Пеќка Патријаршија). Со седницата на Епископскиот совет претседаваше Митрополитот Августин (Цариградска Патријаршија) со активно учество на претставниците од другите Цркви, меѓу кои и Епископот Јован (Антиохиска Патријаршија), Архиепископот Теофан (Московска Патријаршија), Архиепископот Марко и Епископот Агапит (Московска Патријаршија – РПЗЦ), Епископот Софијан (Романска Патријаршија), како и претставници на комисиите на Епископскиот совет на Православните Цркви во Германија.

На заседанието се расправаше за тековните прашања поврзани со заедничката мисија на Православните Цркви во Германија. Особено внимание беше посветено на преводот на богослужбени книги на германски јазик и прашањето на веронаука во СР Германија. После работниот дел, за учесниците беше приготвена трпеза на љубовта во просториите на црковната општина во Франкфурт.

Извор: Средноевропска епархија на Пеќката Патријаршија