Се избра нов игумен во манастирот Григоријат

"Се избра нов игумен во манастирот Григоријат"

Вчера (четврток, 20.02.2014г.) беше избран новиот игумен на манастирот Григоријат на Света Гора. Според информациите на Romfea.gr братството на манастирот за нов игумен го избра Неговото Високопреподобие, архимандритот Христофор. Новиот игумен за кого многумина кажуваат дека е смирен и вистински монах, по потекло е од Кипар. Се пренесува, исто така, дека братството на манастирот пред неколку дена ја примило оставката на катигуменот Архимандрит Георгиј Капсанис. Братството на манастирот Григоријат – вклучувајќи ги и монасите и искушениците – денес вкупно брои деведесет члена.

Извор: Romfea.gr