Осветување на храмот на Пресвета Троица во с. Петралица – Општина Ранковце

"Осветување на храмот на Пресвета Троица во с. Петралица – Општина Ранковце"

На 31 мај 2015 година, на празникот на Педесетница се изврши осветување на храмот посветен на Пресвета Троица во с. Петралица – Општината Ранковце. Чинот на осветување го изврши Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите Кумановско – осоговски г. д-р Јосиф и Тетовско – гостиварски г. Јосиф.