Славјанската соборна црква била гранатирана за време на Литургија

"Славјанската соборна црква била гранатирана за време на Литургија"

Минатата недела, 29 јуни 2014 г., украинската армија започнала со гранатирање на населени области во Славјанската област. Било пукано врз соборната црква на св. Александар Невски, додека внатре во храмот се служела воскресна Литургија.

„Гранатирањето започна во 10 часот наутро, за време на Литургијата. Верниот народ започна да ја пее Господовата молитва, кога надвор се слушнаа првите рафални истрели од планината Карачун. После првиот следеа неколку рафални истрели, и беше погодена пекарата во близина на црквата. Пекарата беше разрушена, и сè внатре во неа беше изгорено. За среќа, продавачката излегла после слушањето на првиот рафал, и на тој начин се спасила од сигурна смрт“, изјавил протојереј Николај Фоменко.

Во дворот на црквата биле собрани околу илјада верници, од кои повеќето биле дојдени за да подигнат хуманитарна помош која се дели како дел од програмата за помош спроведена од соборниот храм. „Штом се слушнаа првите истрели, целиот народ поита да влезе во црквата, која беше преполна од насолзени луѓе кои со солзи во очите се молеа на Бога“, продолжил со кажувањето отец Николај.

За среќа, ниту еден човек не бил повреден, и црквата не претрпела штета.

Ова е седми пат украинските воени сили да отворат оган врз црква во Славјанск. На 26 мај годинава, граната усмртила жена во близина на црквата на иконата „Државнаја“ на Мајката Божја. Делови од граната ја оштетиле и фасадата и прозорците на црквата. На Педесетница, 8 јуни, црквата на Светиот Дух била исто така гранатирана.

Ноќта на 16 јуни, црквата на св. Серафим Саровски била гранатирана, и целосно биле уништени чуварата и кантината. На истиот ден била гранатирана и соборната црква на св. Александар Невски.

Неколку дена подоцна, на 19 јуни, цел на нападите била Воскресенската црква изградена во 18 век. Животот го загубил чуварот на црквата. Два дена подоцна, на 21 јуни, денот кога претседателот Порошенко прогласил примирје, уште еднаш била гранатирана соборната црква.

Извор: Правмир