Воведение на Пресвета Богородица во Храмот

"Воведение на Пресвета Богородица во Храмот"

На 4.12.2015 година, кога Црквата го слави Воведението во храмот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.