Литургија на претходноосветени дарови на празникот на Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци)
22 март 2021
"Литургија на претходноосветени дарови на празникот на Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци)"
На 22.03.2021 год., празник на Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци), во храмот Света Троица, во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.