Специјалистот по исламски студии, Роман Силантјев, објавил дека моментално бројот на руски вехабии изнесува 700.000. Говорејќи на Медицинскиот Универзитет во Архангелск, тој објаснил дека вехабизмот претставува најопасна и најбрзо растечка секта, јавува Интерфакс.
„Географијата на терористичките келии е доволно широка. Тие се присутни виртуелно во сите региони на Русија. Во меѓувреме, речиси сите активни терористички организации во светот се од исламско потекло“, забележал Силантјев.
Тој верува дека единствениот начин за справување со вехабизмот во Русија е преку остро засилување на легислативата со која се третираат членовите на терористичките организации при нивното гонење за самото членство во таквите организации. Според специјалистот, алармантен е податокот дека сè повеќе етнички Руси од младиката пројавуваат страстен интерен за вехабизмот.
„Во терористичките листи започнуваат да доминираат руски и украински презимиња“, загрижено заклучил Роман Силантјев.
Извор: pravoslavie.ru