Според договорот постигнат меѓу свештенството на Корсунската епархија на Московската Патријаршија во Париз и свештенството на Богородичната црква во Париз (Notre-Dame de Paris), во петоците од Постот се совршува Молебен со Акатист кон Богородица.
Читањето на Акатистот на Пресвета Богородица се врши пред Владимирската икона на Богомајката, која како дар на Богородичната црква ѝ го подарил блаженоупокоениот Патријарх Алексиј II, при неговата посета на Нотердамската црква во 2007 година. По отслужувањето на Молебенот со Акатистот, верните имаат можност да се поклонат пред трновиот венец што на Господ Исус Христос Му бил положен на главата од римските војници, светиња којашто повеќе векови се чува во црквата.
Извор: egliserusse.eu