Мноштво новинари од сите возрасти присуствуваа на молебенот одржан за бугарските новинари во софиската соборна црква на св. Александар Невски пред два дена. На овој начин насобраните новинари ја одбележаа 170-годишнината од бугарското новинарство и 120-годишнината од организираното новинарско движење во Бугарија.
Иницијативата за отслужениот молебен е на Синдикатот на бугарските новинари и Свештениот Синод на Бугарската православна црква.
Пред 120 години, на ист начин била одбележана 50-годишнината од бугарското новинарство и почетокот со работа на Синдикатот на бугарските новинари.
Извор: Правмир