Во Москва ќе се изградат двојно повеќе цркви во рамките на „Програм 200“

"Во Москва ќе се изградат двојно повеќе цркви во рамките на „Програм 200“"

Владиниот проект за изградба на 200 православни цркви во Москва „Програм 200“ ќе биде двојно зголемен, изјавил Заменикот на Руската Државна Дума, г. Владимир Ресин.

– Го имавме „Програм 200“, но во моментов, сметајќи ги придружните територии на Нова Москва, ќе се изградат 380 цркви – изјавил Ресин за Интерфакс.

Пред два дена тој ја посетил црквата на Покров на Пресвета Богородица во Јасенево, изградена како спомен за сите руски војници кои ги положиле нивните животи за татковината. Црквата била наградена со награда за најдобар проект изведен во 2013 година.

На 29 април 2011 година, Патријархот Кирил и московскиот градоначалник г. Сергеј Собјанин го поставиле првиот камен-темелник на црквата „Св. св. Кирил и Методиј“ во близина на театарскиот комплекс во Дубровка, кадешто пред 12 години се случил терористички напад. На тој начин бил одбележан почетокот на проектот за изградба на 200 цркви во главниот град на Русија, што се реализира исклучиво врз основа на донации од физички и правни лица.

Извор: Интерфакс