Муслиманите во Русија го почитуваат споменот на св. Сергиј Радонежски

"Муслиманите во Русија го почитуваат споменот на св. Сергиј Радонежски"

Муслиманите во Русија го почитуваат св. Сергиј како еден голем духовен аскет и просветител на Русија, кој и до ден денешен претставува инспирација за многумина – ова беше изјавено од Претседателот на Централната Духовна Администрација на Муслиманите (ЦДАМ) во Русија, г. Талгат Таџудин, во неговото воведно обраќање кон учесниците на XXII Меѓународни рождественски образовни читања, објави новинската агенција „Интерфакс“.

„Ние, Муслиманите од Русија, со голема почит почитувајќи го овој извонреден аскет, монах и светител на Руската православна црква, учеството на овој форум го сметаме за единствена можност за меѓуверски дијалог насочен кон остварување на граѓанско единство“, се вели во официјалниот документ од обраќањето.

Според главниот муфтија Таџудин, неопходно е со благодарност да се почитува „блажениот спомен на најголемиот аскет на Руската земја, Блажениот Сергиј од Радонеж, кој преку неговиот живот и просветлени учења станал вистински пример на духовна борба што непроценливо придонела кон националната духовност и морално образование“.

Претседателот на ЦДАМ во Русија забележа дека многу народи „со изненаденост или нескриена надеж, воодушевено гледаат“ на Русија и нејзините власти „кои се угледуваат на искрениот богомолец на Света Русија – Блажениот Сергиј од Радонеж и илјадници други светители, вистински родољуби на нашата пространа, бесценета Татковина“.

Говорејќи за важноста од проширување на верското образование и меѓуверскиот дијалог во земјата, главниот муфтија ја изрази неговата убеденост дека „продолжувањето на изворните, длабоки значења на основните вредности на нашите вери ги зајакнувала и ќе ги зајакне, сè додека постои овој минлив свет, граѓанското единствно и слога“.

Извор: pravmir.ru