Црквата на св. Арсениј и св. Паисиј е новоизградена црква под омофорот на Високопреосветениот Митрополит Атанасиј во градот Екале, Лимасол, на островот Кипар. Се наоѓа северно од автопатот Левкосија – Лимасол, на ридот Ципиу Стадио. Во самата црква се сместени параклиси на св. Паисиј, св. св. Варахисиј и Јона, св. Давид Евијски и Богородица Махериотиса. Во подземните простории на црквата функционира праославна книжара, младинска сала и гостоприемна просторија. Пред осветувањето, секој понеделник во 6 часот попладне се служи Молебен на св. Арсениј Кападокиски, при што се положува честица од светиот за целивање, како и копии на чудотворните икони на Богородица Махериотиса и Елеовритиса од Ватопетскиот манастир, како и честици од моштите на св. Давид и св. вмч. Мамант.
Осветувањето на просториите ќе се изврши утре, 23 јануари. Прво ќе се освети црквата, а потоа и малите параклиси.
Извор: Orthodoxmag