Пред моштите на св. рамноапостолен кнез Владимир се поклониле над 850 илјади луѓе од 73 руски и 7 белоруски градови, соопшти Информативното одделение на Московската Патријаршија. Преку оваа акција, која е организирана на иницијатива на Руската Црква, а со поддршка на Фондот „Св. Василиј Велики“, годината во која се прославува илјадолетието од упокојувањето на покрстителот на Русија се прогласува за затворена.
Преносот на моштите започнало на 27 мај во Тула и завршило на 1 декември во Калинград. Цели шест месеци кивотот минувал низ градови од централна Русија, областите Волга, Кубана, Сибир и далечниот Исток, како и низ регионалните центри во Белорусија – вкупно 80 градови. Според проценките на организаторот, на верниците кои се поклониле на моштите им биле поделени околу еден милион иконки со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил.
– Кивотот со моштите на св. кнез Владимир патуваше низ цела Русија, ги посети нејзините најодалечени градници, симболично крштевајќи ја Русија на териториите кои ѝ се припоени по упокојувањето на светотелот – изјавил Константин Малафејев, основач на Фондот.
Извор: Интерфакс