На Западот христијаните се под постојан притисок

"На Западот христијаните се под постојан притисок"

Рускиот министер за надворешни работи, г. Сергеј Лавров, во еден неодамнешен говор посочил дека агресивниот секуларизам зема замав на Западот. „Не можам да ги изоставам проблемите со кои христијаните се соочуваат во многу земји, во кои се смета дека е политички некоректно да се говори за својот христијански идентитет и каде што христијанските вредности, јадрото на европската цивилизација, се погазуваат“, изјавил рускиот министер на една конференција за заштита на правата на христијаните во Женева.

Според средствата за масовно информирање, Лаврoв потенцирал дека агресивниот секуларизам зема замав, додека истовремено во земјите од Западот се случува морална декаденција и ерозија на традиционалниот етнички, културен и верски идентитет. „Сè почесто слушаме за вандализам и осквернување на цркви и храмови, светилишта и почивалишта, како и христијански симболи, со што за верниците е сè потешко отворено да ја бранат својата вера“, заклучил Лавров.

Извор: Интерфакс