Нацрт-закон во Русија за регулирање на сивите зони од проблематиката на сурогат мајчинството

"Нацрт-закон во Русија за регулирање на сивите зони од проблематиката на сурогат мајчинството"

Руските парламентарци подготвија нов закон за сурогат (заменско) мајчинство, со кој се забранува постоење на комерцијални сурогат мајки, истото се ограничува на самци и воведува задолжителна дозвола од посебна медицинска комисија.

Претседателот на Комитетот за жени и семејство на државната Дума, г-ѓа Елена Мизулина, во интервју за весникот „Известија“ изјави дека не се планира целосно да се забрани заменското мајчинство, туку истото да се контролира, потреба која произлегла од големиот број предизвици што нерешениот статус на оваа проблематика ги иницирал.

Како пример, таа ги наведе бројните случаи на отфрлање на децата родени од заменски мајки како од самите биолошки семејства, така и од заменските мајки. На овој начин, потецира г-ѓа Мизулина, детето останува без родители, но дури и без име.

„Сурогат мајките се со реално никакви права во сегашната законска рамка. Нивното здравје не е правно заштитено, прашањето на послепородилно отсуство е сè уште отворено, и е нејасно дали право на послепородилно отсуство треба да има сурогат мајката, или биолошката мајка“, вели таа.

Токму затоа се пристапило кон подготвување на нов закон, со цел воведување на правни рамки на дозволените методи за вонприродно оплодување. На кратко, со новиот закон сурогат мајчинството се ограничува на мажи и жени – самци. Бидејќи истополовите бракови се нелегални во Русија, ова значи забрана за користење на овој метод и од страна на истополови двојки. Со новиот закон, исто така, процедурата за оплодување на заменските мајки, како и водењето на бременоста се ограничува на државните здравствени установи, во кои ќе делуваат и посебни комисии составени од лекари, социјални работници и претставници од верските заедници кои ќе треба да дадат согласност за процедурата за секој еден случај.

Според предлагачот на новиот предлог-закон, и оваа законска рамка е полиберална од повеќето што постојат во светот. На пример, во Франција и Германија, сурогат мајчинството е забрането, додека во Обединетото Кралство е дозволено единствено некомерцијалното сурогат мајчинство. Во Холандија, пак, на пример, промовирањето и рекламирањето на услуги поврзани со сурогат мајчинство е забрането.

Извор: Russia Today