Експертите од Рускиот институт за стратешки истражувања регистрирале речиси 60 напади врз цркви и свештеници на Украинската православна црква – Московска Патријаршија од почетокот на 2014 година.
Попрецизно, регистрирани биле 36 обиди за одземање на цркви или напад врз истите во Киев, Тернопол, Кировоград, Суми, Черновци, Житомир, Болин, Виница, Кмелницки, Донецк, Луганск, Харков, Ровно и Керсон, објавила информативната служба на Институтот.
Според нив, регистрирани биле и закани и напади врз свештеници и активисти на УПЦ-МП во Одеса, Суми, Донецк, Луганск, Киев и Запорожје.
Според истражувачите, собраните податоци претставуваат само „врв на карпата“ и не ја пренесуваат вистинската ситуација во поглед на зачестеноста на нападите врз цркви и свештеници, затоа што, според нив, „украинските секуларни и црковни медиуми не го јавуваат вистинскиот број на злосторства врз УПЦ-МП и погазувања на човековите права и слободи на верниот народ на Московската Патријаршија во Украина“.
Извор: Интерфакс