Над 60 цркви и манастири разрушени во Сирија

"Над 60 цркви и манастири разрушени во Сирија"

Сириските бунтовници разрушиле над шеесет христијански цркви и манастири во Сирија, а дури седумдесет илјади православни верници го напуштиле градот Хомс. Исто така, половина од православните граѓани на Алепо ги напуштиле своите домови, изјави денес сирискиот амбасадор во Русија, неговата Екселенција г. Ријад Хадад, на пленарната седница за заштита на христијанските вредности во руската Дума.

Исто така, над педесет минофрлачки гранати биле испукани во областите со доминантно христијанско население, Касаа и Баб Тума во Дамаск, јавува Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Сирискиот амбасадор ѝ се заблагодари на Руската православна црква за постојаната помош на народот во Сирија.

Извор: Интерфакс