Најава: Востоличување на Кумановско-осоговскиот Митрополит, г. д-р Јосиф

"Најава: Востоличување на Кумановско-осоговскиот Митрополит, г. д-р Јосиф"

Чест ни е да го известиме верниот народ на нашата Црква дека на 10 ноември 2013 година, во Соборниот храм Свети Никола во Куманово, ќе се изврши востоличувањето на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф.

Првоерархот на Кумановско-осоговската Епархија ќе биде воведен во Кумановско-осоговскиот епископски трон на Божествената Литургија со која ќе началствува Неговото блаженство, поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан. Божествената Литургија ќе започне во 9 часот.