Недела на блудниот син

"Недела на блудниот син"

На 16 февруари 2014 година, во втората подготвителна недела на Великиот Пост, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши чин на осветување на свети Антиминси и отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.