Недела на митарот и фарисејот

"Недела на митарот и фарисејот"

На 9 февруари 2020 година, во првата подготвителна недела на Великиот Пост, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.