На 8.03.2015 година, во втората недела од Великиот пост, кога Црквата го прославува споменот на свети Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.