Недела на свети Григориј Палама

"Недела на свети Григориј Палама"

На 12 март 2017 год. по Хр., Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Лешочкиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата беше отслужена панихида во спомен од 172-годишнината од упокојувањето на нашиот преродбеник игуменот Кирил Пејчиновиќ.

Извор: Тетовско-гостиварска епархија