Недела по Богојавление

"Недела по Богојавление"

На 24.01.2016 година, во Триесет и четвртата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за светиот отец наш Теодосиј Велики, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Петка во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.