Недела по Воздвижението на Чесниот Крст

"Недела по Воздвижението на Чесниот Крст"

На 28.09.2014 година, во неделата по Воздвижението на Чесниот Крст (шеснаесетта недела по Педесетница), кога Црквата го прославува споменот на светиот великомаченик Никита, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Петка во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.