Претседателот на Синодалниот Оддел за односи меѓу Црквата и државата, протојереј Всеволод Чаплин верува дека е неизбежно судирот на цивилизациите со различни вредносни системи да заврши насилно.
„За жал, судирот на цивилизациите е неизбежен. Ние не го посакувавме. Понудивме дијалог меѓу цивилизациите, соживот меѓу земјите со различни вредносни системи и различни политички системи, но никој не одговори на нашата понуда“, изјавил протојереј Всеволод.
За него, христијанските вредности се „многу поважни од тоа која земја ќе ги исполни“. Во ист тон, Чаплин посочил дека „доколку утре Киев одлучи да го вклучи Христијанството во својот Устав како основа на своето општество, и ги постави христијанските вредности за основа, таа земја за мене ќе стане поважна отколку Русија“.
Тој исто така нагласил дека „исламот и православието не го сметаат овоземниот живот за основна вредност“.
„Нашиот народ има цврста волја, волја за слобода, за заедничка слобода, за независност од странски центри на моќ, од туѓи идеологии. Ова се покажа како посилно од било каков проект кој ни се наметнува“, изјавил црковниот претставник.
На крајот, тој заклучил дека народот знае дека или ќе биде слободен, и скапо ќе ја плати оваа слобода, или ќе живее „под туѓа чизма, а тогаш многумина со право ќе прашаат: вреди ли да се живее така?“.
Извор: Интерфакс