Денес, 13 август 2014 година, 40 дена после блаженото упокојување на Митрополитот Владимир, се одржа еден од поважните настани во историјата на Украинската православна црква. Архијерејскиот Собор, на заседанието во Киево-Печерската Лавра за нов Претстојател на Украинската црква го избра досегашниот местобљустител на Киевската катедра, Митрополитот Черновицки и Буковински г. Онуфриј Березовски.
За потсетување, Митрополитот Онуфриј во март годинава беше избран за местобљустител на Киевската Митрополитска катедра, откако сега веќе блаженоупокоениот Митрополит Владимир се повлече поради здравствени причини.
Извор: Правмир