Нов случaj на убиство на христијани во Либија

"Нов случaj на убиство на христијани во Либија"

Либиските власти јавуваат дека доцна во понеделникот (24.02.2014) откриле нови тела на седум убиени Копти во регионот Гарута, западно од Бенгази. Според извештајот, „Телата на жртвите биле изрешенати со огнено оружје“. Според доставениот фото-материјал, жртвите, кои биле на возраст од 17 до 25 години, се намерно погубени.

Со отстранувањето на неколкудецениската диктатура на Гадафи во Либија, христијаните, а особено Коптите од соседен Египет, се соочуваат со опасност од моќните исламски екстремисти. Примери за ваквата нивна загрозеност има повеќе: од киднапирање на монахињи, мачења и убиства, па сè до бомбардирање на цркви во Либија. Последните настани го потврдуваат истото.

Извор: CBN News