Ново чудо во Дамаск

"Ново чудо во Дамаск"

Три православни жени вклучени во добротоворна и хуманитарна дејност во Сирија посведочиле чудо при нивното движење по небезбедните улици на Дамаск, пренесува информативниот сириски портал „Линга“.

Според информациите од порталот, трите Сиријки, како и секој ден, брзале кон локалната болница, за да однесат помош за пациентите кои се хоспитализирани таму. Одеднаш нивниот автомобил се нашол на мета на рафален истрел. Притоа метците кои биле наменети за хуманитарките, на чудесен начин се одбиле од металната конструкција на автомобилот. Вештачењето кое следело подоцна исто така покажало дека куршумот кој бил примен во моторот од автомобилот на необјаснив начин не предизвикал експлозија која би имала трагични последици по животот на патниците.

Дамаск

Најстарата членка на хуманитарната група, Сабина, коментирајќи го инцидентот, истакна: „Се упативме кон болницата што се наоѓа во еден исклучително опасен кварт, кварт што одамна го бие лош глас меѓу локалното население. Нè наговараа да не одиме таму, но ние не можевме да не ги посетиме нашите браќа во болницата; патем, одлучивме да провериме дали има нови жртви по улиците во тој кварт… И, надевајќи се на Христа, тргнавме на пат – и верата нè спаси. Самиот Бог ја промени патеката на тој куршум“.

Инаку, сириското православно население, координирано од Сабина, заедно со целата Антиохиска православна црква веќе неколку години помага во лечењето и рехабилитацијата на жртвите од сирискиот вооружен конфликт.

Извор: Pravoslavie.ru