Обид за создавање на „алтернативен Синод“ во Православната Црква на Чешите земји и Словачка

"Обид за создавање на „алтернативен Синод“ во Православната Црква на Чешите земји и Словачка"

На 22 февруари 2015 година, архиепископот Оломоуски и Брновски Симеон, кој до 9 декември 2013г. бeше местобљустител на испразнетата Прешовска катедра, ја возглавил хиротонијата на архимандритот Исаиј како викарен епископ Шумперски во катедралниот храм на св. св. Кирил и Методиј во Брно, јавува црковната новинска агенција „Ромфеа“. Хиротонијата ѝ следува на средбата од 6 февруари годинава во Виена, на која присуствувале двајца јерарси од Вселенската Патријаршија – галскиот митрополит Емануил и виенскиот Арсениј. На средбата било одлучено да се формира „алтернативен Синод“ во Православната Црква на Чешите земји и Словачка.

Како што е познато, Вселенската Патријаршија не го признава изборот на архиепископот Растислав за митрополит на чешките земји и Словачка, одржан на вонредниот XIII Помесен собор од 11 јануари 2014 година. Иако на Соборот г. Растислав добил дури 87% од гласовите, сепак Фанар сè уште го смета архиепископот Симеон за местобљустител на испразнетата катедра, и единствен канонски јерарх во оваа Црква. Секаква комуникација со архиепископот Ростислав и неговите поддржувачи е еднострано прекината од страна на Константинопол.

Митрополитот Растислав и Архиепископот Јоаким
Митрополитот Растислав и Архиепископот Јоаким

Со оваа хиротонија уште повеќе се продлабочува расколот во Православната Црква на Чешите земји и Словачка, кој трае веќе две години – по принудното повлекување на нејзиниот Претстојател – митрополитот Христофор.

Извор: Седмица.ру