На 15 јануари годинава, Неговата Светост Теодор II, Папа и Патријарх Александриски и Африкански, во придружба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Мемфишки г. Никодим, Претседателот на грчката заедница во Каиро, г. Христо Кавалис и Високопреподобниот Архимандрит Михаил Закис, ја посети обновената патријаршиска болница во Хелиополис, Каиро. Неговата Светост ги разгледал обновените простории од кои особено внимание му посвети на одделението за кардиологија, ја благослови новата болничка опрема и им честита на директорот, лекарите и медицинскиот персонал, посакувајќи им сè најдобро во понатамошната работа.
Извор: Александриска Патријаршија