Обновување на храмот на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Лида

"Обновување на храмот на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Лида"

На 16.11.2019 година, кога Црквата го слави споменот на обновувањето на храмот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Лида, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.