Од посетата на Антиохискиот Патријарх Јован X на Атинската Архиепископија

"Од посетата на Антиохискиот Патријарх Јован X на Атинската Архиепископија"

На 23 октомври годинава, откако претходно годинава ги посети Москва и Константинопол, Антиохискиот Патријарх Јован X ја посети и Атина, каде беше пречекан како „брат и маченик“. За време на разговорите меѓу архијереите, Атинскиот Архиепископ, во улога на домаќин, нагласил: „Со вашата порака, вие ни пренесувате порака дека љубовта не е некаков теоретски поим, туку делатна љубов, искуствена љубов, и оно што во моментов го чувствуваме е тоа дека ние сме едно семејство. Националните врски се добри и ние не ги негираме, но пред сè, ние Го имаме Оној Којшто нè обединува, Исус Христос. Сè друго се идеологии, идеологии кои доаѓаат и со одат, и создаваат огромни проблеми. Нашата вера, нашето христијанство, нашата љубов, како што нè учеа нашите отци, е опитот на Црквата, и токму тоа е она што ние го живееме во моментов.“

На крајот од средбата, г.г. Јероним уште еднаш му се заблагодарил на Патријархот за посетата која Неговата Светост ја остварува, и покрај предизвиците со кои се соочува неговата земја. На крајот од ова срдечно и братско среќавање, Антиохискиот Патријарх се впишал во книгата на посетители.

Извор: Romfea