Одеската епархија со помош за семејствата на погинатите и повредените во судирите од 2 мај

"Одеската епархија со помош за семејствата на погинатите и повредените во судирите од 2 мај"

Со благослов на Митрополитот Одесски и Измаилски, г. Агатангел, Одеската епархија ќе им укаже материјална помош на семејствата на погинатите и повредените во судирите од 2 мај 2014 година, соопштува епархиската информативна служба преку сајтот на епархијата.

Во сите храмови во Одеската епархија од 3 мај е организирано собирање на финансиски средства, а веќе во вчера (недела, 4 мај) парохиите го дале својот придонес и дел од средствата биле доставени до семејствата. Другиот, помал дел, бил потрошен за купување на потребните лекарства за хоспитализираните повредени лица. Во првиот ден биле собрани двесте илјади украински гривни (околу 12.500 евра).

Кутиите за прилози ќе бидат оставени во храмовите, за секој парохјанин да може барем материјално да ги помогне погодените семејства.

Исто така, Одеската епархија отворила посебна тековна сметка „за помош на настраданите во Одеса на 2 мај 2014 година“.

Извор: Eparhiya.od.ua