Одржано Собрание на Асоцијацијата на албанската православна младина

"Одржано Собрание на Асоцијацијата на албанската православна младина"

На 13 декември годинава, во Центарот за култура при соборната црква на Воскресението Христово во Тирана се одржало Собрание на Асоцијацијата на албанската православна младина. На Собранието биле присутни 380 делегати од цела Албанија, на возраст од 18 до 30 години, и ги разгледувале прашањата за активно учество на младината во животот на Црквата, негувањето на пријателства и продлабочување на познавањата од православната вера и служба.

Работата на Собранието била поделена на два дела, според програмата на координаторот, Епископот Аполониски г. Николај: во првиот дел групите од неколку различни градови понудиле празничка божикна програма, а во вториот, Архиепископот Анастасиј одржал предавање на тема „Потрага по четирите големи вредности во животот“. Во предавањето, меѓу другото, Блажениот Архиепископ истакнал: „Сесрдно посакувам вашите животи да бидат едно непрекинато искачување од едноставна информација до изворно знаење, од обично знаење – до мудроста што доаѓа одозгора. Да биде непречено воздигнување од егоцентризам кон одговорна слобода, за на крај да ве воведе до правата вистина; од неодговорни врски до стабилни и ефективни заедници, та од Бога благословени да ја искусите христијанската љубов (агапе); скок од проста и механичка ритуалност или магловита спиритуалност кон вистинска духовност и жива вера во Бога.“

После предавањето биле избрани членовите на Извршниот совет на Асоцијацијата, кои подоцна биле примени од Архиепископот на Тирана, Драч и Албанија.

Извор: Албанска православна црква