На рускиот православен манастир на св. Марија Магдалена лоциран крај Галилејското Езеро (во Тиверија, Северен Израел) му бил одземен дел од имотот поради одлука на израелските власти за градење на центар за рекреација на истата локација. Манастирот се наоѓа во близина на Магдала (денешен Мигдал), градот во којшто се родила св. Марија Магдалина.
Земјиштето е присвоено од Русите во 1908 г. од страна на архимандритот Леонид Сенцов, тогашен управител со Руската мисија во Светата Земја, и на него во шеесетите години од минатиот век била изградена мала црквичка. Во градината исто така има мали извори на топла вода со терапевтски особини. Според руската новинска агенција „Интерфакс“, во минатото голем број локални жители доаѓале на земјиштето за да се капат во изворите и да прават скара, оставајќи после себе ѓубре и неизгаснати огнови.
Локалните медиуми јавуваат дека на земјиштето е отворена јавна плажа, која е често посетена од страна на славните личности. Се пушта гласна музика, а посетителите се однесуваат на начин што им смета на монасите. За да го спречат ова, монасите поставиле мозаици со распетија во минералните извори, но истите биле разрушени, а камењата биле украдени.
Извор: ArabOrthodoxy